Можна инвестиција од една милијарда евра во Иловица: „Тоа е нешто што Македонија досега го немала“

t

Иловица може да донесе инвестиција од околу една милијарда евра, што би претставувало огромен економски потенцијал за Македонија. Ова го истакна професорката д-р Соња Лепиткова во разговорот, посочувајќи дека станува збор за рудник од средна до голема категорија според европските стандарди, со можност да прерасне во голем рударски капацитет.

„Иловица спаѓа во редот на средни до големи рудници во европски рамки. Зборувам сега, не зборувам за Кина и Русија. И ако се доистражи, тоа ќе биде најголемиот објект што Република Македонија воопшто го има, односно најголемата инвестиција“, рече Лепиткова.

Таа посочи дека рудните резерви се проценети за период од 23 до 25 години, а само порфирската фаза опфаќа околу 458 милиони тони, со можност дополнителните истражувања да го зголемат потенцијалот речиси до една милијарда тони.

„Тоа е огромен потенцијал што треба да работи. Јас искрено верувам дека ќе биде далеку повеќе од 25 години и дека ќе има уште поголем потенцијал во длабочина, таму каде што сè уште не е завршено со истражувањето“, истакна професорката.

Зборувајќи за економските ефекти, Лепиткова нагласи дека користа од ваква инвестиција не би се ограничила само на регионот во кој се наоѓа рудникот, туку би ја почувствувала целата држава.

„Сите граѓани на оваа држава ќе имаат бенефит од таква инвестиција или такви инвестиции. Замислете, ако влезе инвестиција од милијарда евра, што ќе биде тоа за нашиот БДП? Па, тоа е една шестина од буџет“, рече таа.

Според Лепиткова, значителен би бил и потенцијалот од концесиските приходи, кои, како што посочи, би можеле да се насочуваат кон еколошки проекти и унапредување на заштитата на животната средина.

„Таа концесија може да се троши за еколошки проекти и да се надградува екологијата“, рече професорката.

Таа се осврна и на критиките поврзани со рудникот, меѓу кои и стравувањата од прашина при одлагањето на јаловината. Лепиткова објасни дека сувото одлагање се врши на посебен начин, во форми што ги опиша како „пити“, а посочи и дека постои можност за повторно искористување на материјалот.

Во однос на големината на проектот, нејзината оценка е дека Иловица не е мал рудник, туку потенцијално еден од најголемите рударски објекти што би можеле да се реализираат во земјава, со инвестиција каква што Македонија досега немала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можна инвестиција од една милијарда евра во…

Иловица може да донесе инвестиција од околу…

(Видео) Македонија има огромно минерално богатство: Проф.…

Македонија има значителен минерален потенцијал, а современото…

РУДНИКОТ НА ХАЛКИДИКИ ПОЧНУВА СО ПРОДАЖБА НА…

Компанијата „Елдорадо голд“ ги стави во употреба…

СОСЕДИТЕ НАЈДОА БАКАР, НАШИОТ ВО ИЛОВИЦА НЕ…

Бугарија повторно се позиционира како еден од…

НОВИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИСКОП НА…

Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за…