Во Македонија се родиле 4.160 деца, а починале 4.807 лица за три месеци
Бројот на починати и во третото тримесечје од 2026 година бил поголем од бројот на новороденчиња во Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во периодот од јули до септември биле родени 4.160 деца, додека починале 4.807 лица, со што природниот прираст изнесувал минус 647.
Статистиката покажува дека негативниот природен прираст продолжува да биде сериозен демографски проблем за земјава. Во споредба со истиот период минатата година, бројот на живородени деца бележи намалување од 4,8 проценти, додека бројот на починати лица е зголемен за 0,1 отсто.
Меѓу починатите во третото тримесечје биле регистрирани и 19 доенчиња.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во истиот период во земјава биле склучени 3.524 бракови, што претставува зголемување од 0,5 проценти во однос на третото тримесечје од 2025 година.
Во периодот од јули до септември биле евидентирани и 397 разводи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина под демографска опасност: Рекордно низок наталитет
Стапката на новородени деца е најниска по…
Што ќе покаже пописот во Март?
По 19 години државата ja спроведе најсложената…
Исчезнуваат ли грците? Популациски пад во Грција:…
Населението на Грција се проценува дека е…