Објавено на:

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -18 степени Целзиусови

t

Во Македонија, по денешните врнежи, од почетокот на следната недела ќе следува стабилно, но многу студено време, со утрински температури кои во некои делови од земјата ќе се спуштат и до -18 Целзиусови степени

Повеќе делови од Балканот денеска се зафатени со снежни врнежи и силен ветер, а во некои земји се издадени метеоаларми.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во земјава денеска ќе има дожд, снег, засилен северен ветер и формирање снежна покривка на повеќе места. По денешните врнежи, од почетокот на следната недела ќе следува стабилно, но многу студено време, со утрински температури кои во некои делови од земјата ќе се спуштат и до -18 Целзиусови степени.

Во регионот, временската слика е со повеќе снежни врнежи и силен ветер. Во Србија се очекуваат дожд, лапавица и снег, со формирање снежна покривка и во пониските места. До недела наутро во низините се прогнозираат од 5 до 20 сантиметри снег, а во планинските подрачја и над 30 сантиметри. Метеоролозите предупредуваат и на намалена видливост, отежнат сообраќај и снежни наноси.

Поради очекуваните интензивни и обилни врнежи од снег, како и формирањето снежна покривка, на сила се жолти и портокалови временски предупредувања. Активирано е жолто предупредување за Шумадија и Поморавље, додека во остатокот од земјата, со исклучок на Белград и Војводина, на сила е портокалово временско предупредување.

Студен и ветровит викенд има и во Хрватска, каде снег веќе се задржа и во пониските делови, додека на Јадранското Море се очекуваат силни и бурни налети на ветер. За Подвелебитскиот канал е издадено црвено предупредување, со налети на ветер до 165 километри на час.

Хрватскиот Хидрометеоролошки завод предупредува на можни прекини во сообраќајот и електричната енергија, оштетување на објектите и ризик од искоренети дрвја, скршени гранки и предмети носени од ветрот.

Денеска околу пладне снежни врнежи има и во Сараево.

Претежно облачно време со снег и лапавица, која на некои места ќе се претвори во дожд, е прогнозирано за денес во цела Босна и Херцеговина. За утре е најавено претежно облачно време, со постепено намалување на облачноста во попладневните часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По…

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…