Убиство во обид: Се бара притвор за насилникот кој ја претепа жената во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
На 27 ноември, при вршење на семејно насилство, осомничениот 52-годишник со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. При расправија во семејниот дом во селото Топлица, осомничениот употребил физичка сила и остар предмет со кој повеќепати ја удирал оштетената во главата, лицето и телото.
На жената и нанел повеќе тешки телесни повреди, убодни рани и скршеници на повеќе ребра од кои таа паднала во бесзонание. Настанот во полициска станица го пријавил таткото на осомничениот, а кога полициските службеници пристигнале на местото, ја пронашле жената без свест.
Ценејќи ги сите околности, тежината на стореното кривично дело, опасноста од бегство и влијание врз сведоци, како и можноста да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиство во обид: Се бара притвор за…
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за…
Пет нови пријави за семејно насилство во…
Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрираше пет…
Двајца ученици нападнале врсник во основно училиште…
Полицијата го истражува нападот врз малолетник во…
Претепана жена донесена синоќа на КАРИЛ, од…
Во Клиничкиот центар во Скопје синоќа била…
15-годишно момче ја нападнало сопствената мајка во…
Момче на возраст од само 15 години…