ВЛАДА: Завршено партерното уредување на Градскиот пазар во Виница, инвестиција од над 8,7 милиони денари
Завршен е проектот „Партерно уредување на Градски пазар – Виница“, со вкупна проектна вредност од 8.726.582 денари, реализиран преку Министерството за транспорт.
Со проектот е целосно уреден просторот околу новиот Градски пазар, со што се создадени подобри услови за работа на продавачите, како и попријатна и побезбедна средина за купувачите и граѓаните кои секојдневно го посетуваат пазарот.
Активностите опфатија демонтажа на старата ограда и дотраените подни површини, поставување нова метална ограда и хидроизолациона подна обработка, како и нови челични продажни пултови – тезги. Потпорните ѕидови се обложени со декоративен камен, а поставени се и клупи за седење.
Овој проект претставува продолжение на инвестицијата во новиот затворен Градски пазар во Виница, кој се простира на површина од 1.810 квадратни метри и располага со 87 тезги, дуќани за продажба на различни производи, административна просторија и санитарни јазли.
Со завршувањето на партерното уредување, пазарниот комплекс добива целосно уреден надворешен простор, прилагоден на потребите на продавачите и посетителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛАДА: Завршено партерното уредување на Градскиот пазар…
Завршен е проектот „Партерно уредување на Градски…
Бехтел и Енка отвораат нови 1200 работни…
Министерот за транспорт Александар Николоски присуствуваше на…
Минус шест степени на Попова Шапка, во…
Најниска температура изутринава е измерена на Попова…
(Фото) Автомобил се преврте на Стража
Снег синоќа паѓаше на повеќе места низ…
(Фото) Патиштата проодни и чисти, укинати забрани…
Јавното претпријатие за одржување и заштита на…