Уште еден месец за исплата на К-15: Минимумот во приватниот сектор е 19.516 денари
Работодавачите имаат уште еден месец да го исплатат регресот за годишен одмор (К-15) за 2026 година, бидејќи крајниот рок е 31 декември. Минималниот износ во приватниот сектор изнесува 19.516 денари, додека во јавниот сектор пресметката е околу 13.560 денари.
Разликата произлегува од колективните договори, кои предвидуваат различни основици и проценти за пресметка. Основен услов за стекнување право на К-15, и во приватниот и во јавниот сектор, е работникот да има најмалку шест месеци работа кај истиот работодавач во календарската година.
Во приватниот сектор, според Општиот колективен договор за стопанството, регресот изнесува најмалку 40 отсто од просечната нето-плата во државата за последните три месеци за кои има објавени податоци. Според основицата за јули, август и септември, минималниот износ е 19.516 денари. Со колективен договор на ниво на дејност или работодавач може да биде утврден и повисок износ.
Во јавниот сектор, К-15 изнесува најмалку 30 отсто од просечната месечна нето-плата исплатена во претходната година. Според просечната плата за 2025 година, пресметката за 2026 година изнесува 13.559,40 денари. Исплатата е условена и со ненегативен реален раст на БДП во најмалку едно од претходните четири тримесечја.
Правото на регрес не зависи од тоа дали работникот го искористил годишниот одмор. Во јавниот сектор се предвидени и посебни исклучоци при пресметката на шесте месеци работа за лица кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство или биле на непрекинато боледување подолго од шест месеци.
Доколку приватна фирма исплати помал износ поради финансиски тешкотии, тоа мора да биде уредено со соодветна спогодба, по претходни консултации со синдикатот или со претставник избран од работниците. Усно образложение од работодавачот не е доволно.
Ако до 31 декември не добиете К-15, а ги исполнувате условите, можете да поднесете пријава до Државниот инспекторат за труд, со име или анонимно. Притоа, зачувајте ги договорот за вработување, банкарскиот извод и евентуалната писмена комуникација со работодавачот.
За помош работниците можат да се обратат и до Сојузот на синдикатите на Македонија на телефонскиот број 070 818 878 или преку апликацијата „ССМ, мои работнички права“. За наплата на парично побарување од работен однос постои и можност за непосредно обраќање до надлежниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ не сака кандидат за претседател, но…
На СНС ѝ останува една недела да…
Уште еден месец за исплата на К-15:…
Работодавачите имаат уште еден месец да го…
ВЛАДА: Завршено партерното уредување на Градскиот пазар…
Завршен е проектот „Партерно уредување на Градски…
Бехтел и Енка отвораат нови 1200 работни…
Министерот за транспорт Александар Николоски присуствуваше на…
Минус шест степени на Попова Шапка, во…
Најниска температура изутринава е измерена на Попова…