Ахмети и Џафери го честитаа Денот на знамето пред карта на Голема Албанија
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот технички премиер и собраниски претседател Талат Џафери го одбележаа 28 Ноември, Денот на албанското знаме, со заедничка фотографија пред карта на т.н. „Голема Албанија“. На картата се прикажани и делови од териториите на Македонија, Србија, Црна Гора и Грција.
Во честитката објавена на Фејсбук, Џафери напиша дека празникот е оддавање почит на генерациите што, како што наведе, го отвориле патот кон слободата и националната афирмација. Тој порача дека одбележувањето на 28 Ноември носи и обврска за зачувување на идентитетот, јазикот и националните вредности.
„Црвено-црното знаме останува симбол на нашето единство, отпор и достоинство. Тоа нè потсетува дека историјата ни оставила одговорност, додека иднината бара зрелост, визија и заедничка посветеност“, напиша Џафери.
Во завршниот дел од честитката, тој повика на единство, меѓусебно почитување, правда и еднаквост како основа за градење подобро општество за сите граѓани. Во текстот на честитката Џафери не се осврна на картата пред која се фотографирале.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети и Џафери го честитаа Денот на…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот…
Граѓаните бараат спас кај Народниот правобранител: Поднесени…
Само од почетокот на годинава до канцеларијата…
(Фото) Снежна покривка од 40 сантиметри на…
Зимската атмосфера веќе го зафати Националниот парк…
МВР: 16 возачи приведени за едно деноноќие,…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
ЧИЧКО ЈА НАПАДНАЛ ВНУКАТА СО ДРВЕН ПРЕДМЕТ…
На 28.11.2026 во 12:40 часот во ОВР…