Aпелација пpeceче: Сашо Мијалков сепак излегува од притвор

t

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков сепак излегува од притвор по правната галиматија која ја направија неколку различни одлуки во правосудниот систем во рок од неколку час.

Имено извори на Инфомакс велат дека Апелациониот суд во Скопје ја прифатил жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков со што повторно се укинува мерката притвор и се прифаќа неговата гаранција од 11 милиони евра.

Инаку дента кога Апелација ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра и во целост ја укина мерката притвор за Мијалков, екс директорот на УБК повеќе од 7 часа незаконски беше држен во притвор се до повторното решение овој пат на Основниот кривичен суд по барање на обвинителството и по јавната интервенција на министерот за правда Бојан Маричиќ за продолжување на притворот за 30 дена.

Правниот јазол по интервенцијата на Маричиќ одеше до таму да до моментот на укинување за Сашо Мијалков имаше повеќе активни мерки за обезбедување на негово присуство, меѓу кои мерки за претпазливост, притвор, но и важечка парична гаранција што беше преседан во македонското правосудство.

Инаку на ваквата одлука на судот претходеше отвореното писмо на Бојан Јовановски во кое се потврдува политичкиот прогон на членови, симпатизери и поддржувачи на опозицијата под закрила токму на премиерот во оставка Зоран Заев.

Нуклеарката на Јовановски ја стресе македонската јавност откако шоуменот потврди дека Заев лично тргувал со влијание и одлучувал за кој ќе се води кривични постапка и кој ќе оди во притвор, а за се има докази во неговиот телефон.

Во писмото Јовановски го спомена и директно Мијалков истакнувајќи дека Зоран Заев извршил лично влијание и уцена врз Катица Јанева да бидат пуштени од затворски притвор Камчев, Мијалков и други лица кои се наоѓаа во притвор поради монтиран политички случај нарачан од самиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор за насилникот кој претепа…

Основното јавното обвинителство отвори истрага против 20-годишник…

Кичевчанец заработи притвор откако терал друг маж…

На 04.09.2022 полициски службеници од ОВР Кичево…

Бугарското обвинителство бара траен притвор за српскиот…

Окружното обвинителство во Стара Загора побара од…

ОЈО бара притвор за еден од пукачите…

„Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно…

Обвинителството ќе бара притвор за сите обвинетите…

Инфомакс открива дека обвинителството ќе бара притвор…