Aкција на финансиската полиција – претреси во Липково, Куманово и Желино
Голема акција на Управата за финансиска полиција утрово се спроведува на повеќе локации во општините Липково, Куманово и Желино. Според информациите, претресите се поврзани со истрага за организирана криминална група осомничена за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари, објави 4NEWS.mk.
Акцијата е резултат на подолготрајна истрага, а првичните сознанија укажуваат дека станува збор за компании кои работат со трговија на нафтени деривати. Според неофицијални информации, штетата од незаконските активности се проценува на повеќе од 7 милиони евра.
Очекувањата се дека јавноста ќе биде информирана со повеќе детали по завршувањето на акцијата во текот на денот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aкција на финансиската полиција – претреси во…
Голема акција на Управата за финансиска полиција…
Силјановска-Давкова: Да се преиспита кому и зошто…
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во интервју за Јавниот…
Митко Јанчев доби Орден од Зеленски
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше одликуван…
Украина да биде неутрална, да не членува…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Зафатени со кампања: Годишниот одмор официјално заврши…
Пратениците започнуваат со работа по крајот на…