Зафатени со кампања: Годишниот одмор официјално заврши за пратениците – освен за брифинг нема други најави за активности
Пратениците започнуваат со работа по крајот на годишниот одмор. Собранискиот спикер Африм Гаши најави брифинг со новинарите, но тоа е единствената активност најавена на собраниската веб страна до крајот на неделата.
Одморот на пратениците официјално заврши, но беше привремено прекинат уште на 16 август, кога беше свикана итна седница за Предлог на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, кој не помина поради немање на Бадентерово мнозинство.
Неколку дена претходно, на 13 август, седница одржа и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која формира Комисија за селекција на кандидатите за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Вообичаено, одморот на пратениците започнува по Националниот празник Илинден.
Претседателот на Собранието Африм Гаши на 9 август ги распиша локалните избори за 19 октомври. Се очекува Собранието да одржува пленарни седници и седници на комисиите сè до почетокот на изборната кампања на 29 септември. На последниот брифинг со новинарите, тој потсети дека законодавниот дом е во постојано заседание и дека доколку е потребно, пратениците ќе бидат повикани на седници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп испраќа луѓе во Москва и Киев
Емисарите на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив…
Шпанија регистрира 45,7 Целзиусови степени на најтоплиот…
Метеоролозите во Шпанија го потврдија највисокиот дневен…
Шефот на руското разузнавање по средбата со…
Ризикот од конфликт од големи размери низ…
ОН усвои нова мапа на светот, со…
Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција…
Од лекар до актерка: Објави за Ратко…
Објави за Ратко Младиќ оставија најмалку петмина…