„Cakaв дa ja yбиjaм“ – Албанец ја избoдeл мajka мy зa Hoвa гoдинa

25-годишниот Емилијано Доми, кој ноќта на Нова година забил нож во грбот на мајка си, им кажал на полицајците дека сакал да ја убие. Кога си си заминувал, тој веќе сметал дека е мртва.
Инцидентот се случил во паркот Елмвуд во Њу Џерси. Младиот човек кој е етнички албанец, избегал по злосторството, но подоцна бил уапсен.
Емилијано изјавил дека се расправал со мајка му откако таа ја отстранила јакната од фотелјата во дневната соба.
Откако ја фрлил на земја, го зел ножот и гневно и го прободел во рамото.
„Сакав да ја убијам“, наводно ѝ рекол Доми на полицијата, информираат американските медиуми. Потоа го напуштил станот мислејќи дека таа е мртва.
43-годишната жена успеала да преживее по операцијата со која и било отстрането сечилото што и било заглавено меѓу рамениците.
Потоа отишол кај татко му за да побара пари за автомобилот. Овој прво ја повикал сопругата, а потоа и полицијата.
Таткото на 25-годишникот признал дека синот неколку пати му се заканил дека ќе ги убие. Емилијано Доми е префрлен во клиника каде ќе остане до моментот кога ќе се појави на суд. Тој е обвинет за обид за убиство и напад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…