EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
ЕСМ побара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја. Причината е во секојдневните блокади на грчките земјоделци. Доставата на енергенси потребни за производство на електрична енергија е отежната, па поради тоа Електрани преку писмо побарале од Владата да се користат државните резерви.
– До Владата е стигнат таков допис за кој ќе се одлучува идната недела на владина седница. Ваквата иницијатива за активирање на државните резерви произлегува поради состојбата со блокадите на грчките земјоделци поради што не може да се реализира набавката на мазут кој е неопходен во делот на производството, велат од Владата за Сител.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за енергетика во Собранието, Бојан Стојаноски, во Тема на денот рече дека ако Владата одлучи да прогласи кризна состојба, и Парламентот ќе даде зелено светло.
– Еден од најглавните енергенси за производство на струја, но и на топлинска енергија е мазутот. Исто така, конзумот којшто го има Грција како држава го исполнуваат Бугарија заради национализација на нивната институција која произведува ваква енергија. Исто така и проблемот со Србија. И оваа кризна состојба се бара за да се даде можност Владата да ги отстапи државните резерви на компанијата за да може да произведува струја и топлинска енергија, додека не се реши проблемот со граничниот премин, којшто е проблем што го има Република Грција заради протестите на земјоделците, кажа Стојаноски.
Илјадници земјоделци во Грција трета недела ги блокираат главните автопати, но и гранични премини. Тие бараат исплата на долговите, гарантирани минимални цени за производите, намалување на трошоците за производство, итно двојно зголемување на земјоделските пензии. Дополнително, бараат политичка и кривична одговорност за корупцискиот скандал во кој земјоделци, потпомогнати од државни службеници, лажно се претставувале како сопственици на земјиште за да добијат субвенции. Тековните ревизии ги забавија исплатите.
Сега се одржуваат над 60 блокади низ цела Грција, а во наредните денови се очекува да се засилат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
EСМ бара прогласување на кризна состојба на…
ЕСМ побара од Владата да прогласи кризна…
Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното…
ДУИ утре ќе го одржи првиот постизборен…
Македонија е најзагадена земја во Европа, со…
Македонија се наоѓа на врвот на листата…
Владата донесе одлука: Бремените и хронично болните…
По Кичево и Струмица, од денеска итните…
Татко од Велес ја бара 13-годишната ќерка…
Педесетгодишен жител на Велес ноќеска, околу 02:20…