Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
ДУИ утре ќе го одржи првиот постизборен Конгрес.
Албански медиуми повикувајќи се на извори од партијата пишуваат дека Ахмети утре ќе промени над 70% од актуелното раководство со нови кадри.
Неофицијално, на списокот за заминување се високи партиски функционери како Талат Џафери, Назим Буши, Агим Нухиу, Ејуп Алими, Фатмир Бесими, Ејуп Рустеми, Фатмир Дехари, Муса Џафери, Џеват Адеми, Теута Арифи, Рамиз Мерко и Садула Дураку. Како чекор кон поголемо реформирање на ДУИ, Ахмети ќе ги замени во нови имиња.
Политичкиот аналитичар Сефер Селмани смета дека ова е прв и важен чекор, но за суштински промени ДУИ треба целосно да го промени и досегашниот начин на функционирање.
Заминување на Ахмети од лидерската позиција во овој момент според Селмани не е решение бидејќи тоа ќе значи распад на партијата. Сепак, вели дека е време ДУИ полека да почне да се подготвува и за ваков чекор во иднина.
На последните избори ДУИ заедно со коалцијата успеа да освои само 4 општини, додека партијата се надева на победа на повторените избори во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше закажани за 11 јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…
ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата
Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…
Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…
МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…
ЕУ испраќа претставници во Кина за да…
Група претставници на ЕУ во наредните денови…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…