Објавено на:

Heма кpaj – Реномираниот „Вол Стрит Журнал“ предвидува нова инфлациja на основните продукти

t

Се’, од кафе до сенф оваа година би требало да поскапи, пишува „Вол Стрит Журнал“. Многу произведувачи на храна велат дека цените ќе ги зголемат во 2022 годиа, а тоа значи дека луѓето во продавниците ќе плаќаат повеќе за своите намирници.

-Не постои ништо што е имуно на раст на цената, вели Тону Сарсан од компанијата SpartanNash Co. која се занимава со продажба и дистрибуција на прехранбени производи. Додава дека некои млечни производи, лебот и соковите се меѓу намирниците кои ќе поскапат.

Се проценува дека цената на намирниците во првата половина од 2022 година ќе порасне за 5 проценти.

Од познатата компанија Mondelez International, која стои зад многу слатки производите, истакнале дека ќе ги зголемат цените на бисквитите, слатките и останати производи за 6 и 7 проценти.

Од Heinz, пак,велат дека цената на некои нивни производи ќе порасне и до 20%.

„Вол Стрит Журнал“ пишува и дека растот на цените во 2022 година ќе варива меѓу 2 и 20 проценти.

Поскапување ќе има и кај компирот и целеротм виното, пивото и останатите алкохолни пијалаци, особено кај увозните.

Се очекува поскапување и на мајонезот и смрзнатите готови јадења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ се пофали: Едноцифрена стапка на инфлација…

СДСМ преку своите одговорни и ефикасни економски…

Ковачевски: Едноцифрената инфлација е доказ дека мерките…

Премиерот Ковачевски вели дека податоците дека инфлацијата…

Инфлацијата во Германија официјално е 6,1 отсто,…

Според студијата на осигурителната компанија Алијанц Трејд,…

Инфлацијата се намалува, тврди Битиќи

Инфлацијата е во надолна линија и ова…

Значителен пад на инфлацијата во Албанија: Ова…

Нивото на цените на потрошувачката во Албанија…