Homo Мирон – македонскиот полицаец кој штити бугарски фашисти

t

Homo Миронмакедонскиот полицаец кој штити бугарски фашисти

/Во одбрана на новинарската професија/

Есејот што го читате е мој револт против таканаречените европски вредности, кои преку бугарска диоптрија и со помош на македонските властодршци и полицајци, наголемо навлегуваат во Македонија. Инаку, во суштина е моја одбрана на новинарската професија генерално и одбрана на новинарот Милош Милошевски(и неговата известувачка екипа),кој е прогонуван и млатретиран од македонската полиција, поради неговото известување од Охрид, во врска со отворањето на бугарскиот клуб “Цар Борис“(“Имаме информации дека овде има лажни новинари…легитимирајте се…не снимајте..“).

Целиот тој настан и тој срам, таа брука, ги доживеав како драма во која идентитетското обезличување зема голем замав. Замав во вид на епопеја на апсурдот, и еден вид хроника на пропаста на човекот, на неговата душа и на неговата личност – од глава до пети. Нешто најгрозоморно, нешто најужасно што полицијата и власта го прави на својот народ по налог на бугарската државна политика. А за ужасот, знаеме многу добро пишува Коле Чашуле во “Партитура за еден Мирон“, каде тој ни ја претставува страшната ужасна вистина, дека секој човек е Мирон, човек носител на глупоста, апсурдот и ужасот. Тоа е човекот-полицаец, човекот-насилник, човекот-узурпатор.

Во Македонија, повеќе од очигледно е дакаво секој еден од редовите на актуелните властодршци се крие Homo Мирон – човек со лик и улога на полицаец.Деформитет на се што некогаш било човечко.

Како е возможно тоа?

Многу едноставно: најпрвин бугарската параноја е набиена во Македонија, поточно во свеста на македонските властодршци. Тоа набивање е до балчак. Од него се раѓа страв, кој пак потпомогнат со сила го создава светот на HomoМирон.

Своевремено Орвел напиша дека едно утро натписот на ѕидот беше поинаков. Тој велеше: “сите животни се еднакви, но некои се поеднакви од другите“. Мирон (илиЧашуле) вели: “Нашата проверена, државна, практика го има докажано, уште еднаш и неотповикливо, дека природно право на Раководството е – да си го менува мислењето“. И едниот и другиот како да ги цртале нашите денешни властодршци.

Во 21-от век ги добивме Орвел, неговата “1984“ и Големиот брат. Или ако сакате, ни се случуваат Орвел и/или Чашуле. Големиот брат и/или Homo Мирон. Да забележиме: Во Македонија, по налог на бугарската политика, а со послушност еднакво на слугување на домашните анационални елементи. Марш за недобронамерниците! Срамота и брука за одродниците.Ама и да знаеме: во тој свет се е мрачно, црно и страшно. Се е потполно диригирано, управувано, местено, лажирано… Хероите се предавници, предавниците – херои. А тоа е лага – за историската вистина. Чиста измама, македонскиот народ да западне во заблуда, и завера, со крајна цел да има Македонија, а да нема Македонци. Ете тоа се политичките дубари и дипломатските дупли пасови на бугарските државници, наменети на македонските одродници, на кои ништо не им е свето.

Поради тоа, и само поради тоа, во македонскиот свет, сите поими и сите вредности се свртени наопаку – первертирани. А во таква первертираност царуваат страв и сила, сила и страв. А тоа е свет на тоталитаристички режим. Режим во кој секој субјект е без трошка персоналитет. Се е програмирано со сила, зорле. Владее тотална апатија. Од неа се раѓа и очајот, кој води во безперспективност и во безизлез. Тоа е перманентна вонредна состојба. Тотална шпиунажа а ла Фуше, која раѓа ултрамодерна македонска полиција, по бугарски тартип. Оваа и ваква полиција, гледаме, сака да замени се. Идеологија, религија, етика, култура, историја…. Според тоа, оваа полиција par excellence  станува полиција на мислата, поточно против мислата, бидејќи само таа дозволува да се мисли или не, да се зборува или не, да се дејствува или не.За таквата полиција и најмалата критика е говор на омраза.

И така, во Македонија,по налог на бугарската политика, полицијата стана Бог. Животот тече или не тече, само по милост или немилост на полицијата, т.е. по желба на нејзините налогодавци. Животот тече, само ако полицијата го брани бугарскиот фашизам. Доколку тоа не е случај, нема живот во и за Македонија. Што значи тоа? Признајте се што ви налагаме или за вас нема Европска Унија. И така сите властодршци во Македонија се и полицајци, или поточно милицајци. Бугарските политичари ги дојат нашите властодршци со темносино млеко. Првиот збор на кој ги учат за влез во ЕУ е “признај!“. Во сликовницата која им ја цртаат Црвенкапа е шпион, кодош и поткажувач на Тито и Коминтерната, а Волкот е заслужен патриот, добар сосед, и благонадежен блгарин од Македонските штати. Во тој свет, по налог на оние кои цел живот го проживеаја како верно куче на Сталин и СССР, денес од нас сакаат да направат кротко и послушно теле во кланица.

За крај: сето ова ми наликува на параноја од балкански сој. Во неа постклимактерична Бугарија ни нуди лута балканска чорба зачинета снажно со сите азијатски специјалитети на тортурата, ревносно практикувани од македонските безрбетни властодршци.

Ама, надежта е во објективното информирање на новинарите како Милош и екипата на Инфомакс, кои и по цена да бидат малтретирани, прогонувани, заплашувани, судени и осудувани, не отстапуваат од новинарската светост, секогаш да се на правото место и навремено да информираат за бугарските недобронамерности и домашните предателства. Информациите без цензура за нив се норма и морална обврска на новинарската професија.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…