Joвевски проговоре за пожapoт во модуларната бoлницa и тpaгедијата во Бугарија

t

Не ја делам оценка дека Обвинителството постапува селективно и дека подлегнува на политички влијанија. Доколку Обвинителството е под политички влијанија, веројатно немаше да отвори предмети против носители на јавни функции, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА.

Говорејќи за несреќата во „Модуларната болница“ во Тетово, Јовески посочи дека се прибрани речиси сите докази и дека се чека експертизата од германските експерти.

-Обвинителството веднаш отпочна со преземање дејствија во делот на утврдување на определени факти и докази. На обвинителите од ОЈО Тетово како помош им беа упатени двајца дежурни јавни обвинители од ОЈО Скопје. Познато е дека во тој дел за соработка се понудија и германски експерти и ние тоа го прифативме. Исто така на располагање на колегите кои ја водат истрагата им ставивме и четворица обвинители од Вишите јавни обвинителства од Скопје и Гостивар, за да можат со нив да се консултираат доколку наидат на определени проблеми и потешкотии во прибирањето на доказите, рече Јовески.

За автобуската несреќа во Бугарија во која 45 македонски граѓани ги изгубија животите, државниот јавен обвинител информира дека во ОЈО Скопје е оформен предмет за да се испита дали некое службено лице од надлежните органи имало определени дејствија што требало да ги преземе, а не ги презело, или пак преземало определени дејствија за кои не било овластено да ги преземе.

-Таа постапка се уште се води во Обвинителство, се прибираат докази и откако ќе ги собереме сите докази ќе донесеме јавнообвинителска одлука, најави државниот јавен обвинител.

-Сакам да нагласам дека истрагата за овој случај ја води Обвинителството на Република Бугарија и благодарејќи на добрата соработка со нив, ние бевме за време на увидот на сообраќајната трагедија, а потоа ни допуштија да учествуваат и овластени лица од нашето Министерство за внатрешни работи, од Институтот за судска медицина и криминалистика, рече Јовески.

Откако Обвинителството на Бугарија, како што додаде, била побарана определена правна помош, од македонска страна за неколку дена било обезбедено сослушување на сведоци, документација во делот на превозникот, во делот на автобусот, но исто така и други документи, а во исто време Институтот за судска медицина и криминалистика отпочнал со земање биолошки траги од блиските на починатите за да може да се изврши нивна идентификација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски медиум ги попари властите и историчарите!…

Колку е повулгарна лагата, толку полесно ја…

Бугарското МНР штрајкува за повисоки плати

Вработените во бугарското Министерството за надворешни работи…

Портпаролот на бугарското МНР: Манупулациите на историската…

Сите манипулации што заедничката комисија со Македонија…

Вечно виновни: Милков тврди дека Македонија е…

За жал, реакцијата во Република Македонија е…

По реакцијата на Пенушлиски делото „Галичник“ симнато…

На барање на познатиот македонски сликар Илија…