Kрводарителска акција во Скопје во чест на Тоше Проески, досега се собрани стотина крвни единици

t

Околу 100 крвни единици се обезбедени до 13 часот во крводарителската акција што денеска се одржува во Скопје во чест на музичката ѕвезда Тоше Проески. Граѓаните до 17 часот може да даруваат крв во Домот на АРМ и со тоа да ја покажат хуманоста на дело.

– Како и секоја година на овој датум, 25 јануари, традиционално по 14. пат ја одржуваме акцијата во знак на Тоше. Успешна акција, како и секоја година. До 13 часот имаме околу 100 крвни единици. Ги очекуваме сите здрави крводарители кои се во можност и имаат време да се приклучат, ќе бидеме радосни и среќни доколку оваа акција уште еднаш се повтори во истиот успех како и сите минати години, изјави за МИА, специјалист доктор Ефтим Димитровски, раководител на Одделот за крводарување при Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.

Кога станува збор за тоа како стоиме со залихи на крвни единици на државно ниво, според Димитровски, нема потреба за паника, задоволени се потребите на пациентите на сите клиники. Тој рече дека залихите се на завидно ниво, нема воопшто проблеми, а се работи тековно и плански.

– Крводарувањето е привилегија на здравите луѓе. Бидете среќни доколку можете да станете крводарител доколку досега не сте биле, нагласи Димитровски, повикувајќи ги граѓаните да даруваат од скапоцената течност.

Крводарителската акција е во организација на Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kрводарителска акција во Скопје во чест на…

Околу 100 крвни единици се обезбедени до…

Финансиска полиција обвинува бизнисмен од Скопје дека…

Бизнисмен од Скопје не платил данок и…

Делови од Скопје сѐ уште се без…

Иако вчера од ЕСМ Снабдување со топлина…

Поради дефект делови од Скопје денеска останаа…

Делови од Скопје останаа без парно греење…

Деветгодишно дете почина на Детската клиника во…

Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за…