Објавено на:

Kaкво лицемерие! – Пред воведувањето на санкциите Велика Британија потрошила милијарди за набавка на нафта, гас, и друга стока од Русија

t

Велика Британија и платила на Русија околу една милијарда фунти за јаглен, нафта и гас, покажуваат податоците на руското Национално биро за национална статистика.

Три милиони фунти биле потрошени за сточна храна, 24,9 милиони фунти за хемикалии, околу 33,1 милиони фунти за метали.

Вкупно, еден месец пред воведувањето на антируските санкции, на увоз од Русија, Велика Британија потрошила околу 2,5 милијарди фунти. Претходниот рекорд за купување од Русја бил нешто под 1,4 милијарди фунти и тоа во декември 2020 година, додека, пак, Британците потрошиле 1,3 милијарди фунти на руска стока во декември 2021 година.

Од почнувањето на руско-украинскиот конфликт, британските власти се најжестоки заговорници за заострување на санкциите против Русија, а Велика Британија заедно со САД го стопира увозотр на руски енергенси. Сепак, тоа нема да има преголемо влијание, затоа што снабдувањето со природен гас од Русија се проценува на околу пет отсто од вкупниот опсег на британски набавки во оваа област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мигранти пронајдени во камион на бензинска…

Шест мигранти денеска се пронајдени во паркирано…

Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…

Негативна е оценката за владата на Христијан…

Виничанец измамен за 5.700 евра!

Му уплатиле пари за автомобил, па прекинал…

Министерството за култура очекува околу 1,5 милиони…

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во…

Сосед се заканувал со пушка во Виница

На 26.06.2025 во 16.47 В.М. (61) од…