Koстов: Договор на бугарскиот мегаетникум за понижување на Македонија

t

Еден краток репринт за палеолитот на бугарските духовни и културни состојби, во обид преку кукавичко јајце(договор) да се импортираат и во Македонија

Есента 2017-та напишав и објавив една анализа на Договорот за соработка и добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија. Агрументирано и со факти докажав дека е срамен, понижувачки и анахрон. Поради актуелноста, да не речам акутноста на темата и прашањата третирани во него не е на одмет да се потсетиме на основните ставови и констатации од анализата – само најбитните. Инаку, анализата е семантичка, правна, политолошка, социолошка и психолошка.


Најпрвин, најспорна е самата Преамбула на Договорот, во која има бааѓимити недефинирани и несредени поими и вредности. Еве само шест од нив: поим “заеднички стремежи“ – несоодветен и времето покажа, т.е. го негираше овој поим од причини што се покажа дека ние со Бугарија немаме заеднички стремежи, бидејќи тие ги пренагласуваат нивните стремежи до ниво на исклучиви бугарски интереси за сметка на македонските, кои се поништени; За “меѓусебно почитување“ и не треба некое објаснување, од причина што низ историјата, а особено овие последни 5 години, бугарската политика воопшто не не почитува, а историјата дури и не негира; “довербата“ од договорот, во меѓусебните односи е еднаква на недоверба, за што својски се погрижија бугарските политичари и историчари; “заемно почитување“, исто што и меѓусебното со тоа што е еднострано – ние задржавме ниво, покажавме почит, ама не ни е возвратено; За поимот “интересите на државите“ може да се каже дека постојат само бугарските интереси, а нашите се сведени на изигрување до понижување; и најбитниот поим за бугарската страна “заедничка историја“, се покажа дека е ништо друго туку крадење на македонската историја, а во последно време и импортирање на нацифашизам од Бугарија во Македонија(помпезното и спектакуларно, ама срамно и бедно, отворање на културниот клуб “Ванчо Михајлов“. Од изнесеното се гледа дека стилот на кој е напишан договорот е испод секоја критика, а јазикот неписмен.

Правната анализа ја покажува следната состојба: 1.) Со договорот загрозен е суверенитетот на Македонија(чл.1 ст. 2 од Уставот на РМ е повреден); Се откажуваме од грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Бугарија и го загрозуваме културниот развој и врските со нив(повреден чл.49 од Уставот); 3.) Договорот ги игнорира, дури и флагрантно ги повредува, т.е. крши и основните принципи на одредбите на меѓународното право. И тоа генерално – одредбите на Повелбата на ООН, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Советот на Европа. и конкретно – пресудите на судот во Стразбур, за регистрацијата на здруженијата и партијата на Македонците во Бугарија. Спорни се без малку сите членови од договорот, а особено: деветтата алинеја од Преамбулата; чл.8, ст.2 и 3; чл. 11 ст. 5 и 6; и чл.12 ст.2.

Најбитни од политолошката, социолошката и психолошката анализа се следните ставови: Ја понижува Македонија на меѓународен план, бидејќи Договорот е бескрајно срамен и целосно навредлив; Го девалвира македонскиот јазик; Ја поништува многу вековната историја на Македонија. Тие, Бугарите, очигледно малку читаат и знаат историја, ама запнале само за онаа, нивната романтичарската, санстефанската де; Не го признава постоењето на македонскиот народ и нација; Ги нагласува нашите македонски “трауматични точки“; Ни наметнува синдром на потиснување; Го оспорува македонското битие во целост и наметнува самоодрекување и само негирање, преку принцип на негативен идентитет и доброволна само колонизација; Прави вулгарна лицитација на нашето минато и историја во целост; Претставува средство и алатка за само распродажба на име, идентитет, јазик, култура, традиција и образование.

Ете толку за тој и таков договор. А за однесувањето на забеганите политички и исторически бугарски елити можам да кажам само едно: Имаат дефицит на цивилизациска свест и отсуство на социолошка култура. Ама затоа напливот на политичко-историска патологија, која преминува во линггво-патологија, и на крајот вампири во психопатологија, им е огромен. Чиста ментална катаракта.

Сето ова е лечење на бугарските историски заблуди, социолошки синдроми и психолошки фрустрации. море и лекување на траумите од долгиот феријален престој во Сталиновиот Гулаг.

Еклатантно, сликовито и пластично демонстрирање на политичко-интелектуално порно и историски вулгаризам, спакувано, т.е. скоцкано како постмодернистичко мршојадство на бугарскиот мегаетникум во 21-от век. Нецивилизирано. Срамно. Бедно. Тоа е.

Пишува: Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија добива нов амбасадор на САД –…

Македонија добива нова амбасадорка на САД, која…

Ковид амнестија: Во Русија нема да се…

Московските власти ќе престанат да бараат исплата…

(Видео) “Слава на Русија”: Заробени украински војници…

На социјалните мрежи се појави видео од…

Ердоган не попушта: Нема НАТО ако Финска…

Турција нема да се согласи со приемот…

(Видео) Хаос во Пакистан: Демонстранти го запалија…

Избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите во…