Koлективното казнување – извор на сето зло во светот!
Нема лоши народи, има лоши луѓе. Ова е главната причина зошто колективната казна е недозволива и за ниту едно злосторство сторено од припадник на некој колектив без разлика дали се работи за етничка или религиска група не може да одговара некој друг.
Мојата позиција беше иста кога стануваше збор за нападот на Русија на Украина, мојата позиција беше иста кога Хамас го нападна Израел, мојата позиција е иста кога Израел напаѓа Палестинци во Газа, мојата позиција е иста за она што им го направил Хитлер на евреите.
Многумина по Втората Светска Војна сметале дека Германија не заслужува повеќе да постои како држава, односно дека Германците не заслужуваат да имаат држава која ќе нарекуваат своја поради нивните злосторства за време на војната. Сепак САД имале пресудна улога во опстојувањето на германската држава токму земајќи го во предвид фактот дека не може да има колективна казна за цел еден народ за злосторствата на поединци.
Да не заборавиме дека Хитлер победувал на избори со над 90 проценти на избори, но реалноста е дека со доволно пропаганда и перење на мозок секој човек може да погреши. За овој факт биле свесни светските лидери и тогаш и денес.
Нема оправдување за тоа што Хамас им го направи на израелските цивили, но нема оправдување ни за тоа што Израел им го прави на палестинските цивили.
И претходно говорев за лажната дихтомија односно лажниот бинарен избор дека ако си против злосторството на едните по автоматизам треба да го поддржиш злосторот на другите.
Реалноста е дека светските политички елити и од едниот и од другиот камп не се заинтересирани за цивилните жртви или колатералата кога станува збор за остварување на нивните геостратешки и лични интереси. Нема такво нешто како борба на доброто против злото, бидејќи речиси секогаш кога земаш пушка во рака самиот се придружуваш на мрачната страна и влегуваш во играта на политичките елити кои никогаш нема да ги испратат своите синови на фронтот. Тие никогаш нема да земат пушка во рака да се борат за својата идеја, напротив тие ќе ве искористат вас како топовско месо за да акумулираат што е можно повеќе моќ или да не загубат дел од моќта која веќе ја имаат.
Така е од почетокот на векот… Нема такво нешто како праведна војна. Кажете ми која од религиите во светот, вели дека ти си оној кој што има право да го одземе најголемиот дар од Бога, а тоа е човечкиот живот?
Кој си ти да одлучиш дали некој ќе живее или не? Кој си ти да одлучиш дали некој ќе има ден повеќе да создава спомени, потомство, ќе насмее или расплака некого?
И не не се плашам од насилство. Тренирајќи боречки вештини ја научив најважната лекција во животот, добар човек не е човек кој не може да направи лошо, туку човек кој може да стори лошо, но избира да направи добро.
Секој од нас во потребните услови би можел да биде чувар во нацистички логор, прашањето е како ќе постапиш кога пред тебе ќе се исправи оваа дилема.
Пишува: Милош Милошевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има најбрз интернет во регионот
Македонија има најбрз интернет во регионот, а…
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро
Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д.…
Вчера имало 41 пожар: Уште гори на…
ЦУК: Вчера, вторник, 06.08.2024 година на територија…
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…