Mилошоски го блокира летот на Фрчковски за Њујорк: Еве зошто професорот не стана амбасадор во САД

t

Дали е на повидок дипломатски скандал со најавеното заминување на Љубомир Фрчкоски за македонски претставник во Организацијата на Обединетите нации?

Во изјава за емисијата 360 Степени на Алсат М, шефот на парламентарната Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски, вели дека испраќањето на Фрчкоски во ООН е хендикеп, затоа што претходно САД одбиле да даде агреман за него во Вашингтон.


Кандидатот за амбасадор Фрчкоски треба пред Комисијата треба да ја презентира својата програма. Министерството а надворешни работи веќе побарало Комисијата да одржи седница за кандидатот да ја исполни таа своја последна обврска пред шефот на државата со указ да го именува на новата позиција, за која овој пат не се бара агреман од земјата во која е седиштето на ООН.

Милошоски вели дека ќе свика седница откако претходно ќе ги консултира другите членови на Комисијата за надворешна политика, но не прецизира кога тоа ќе се случи. 360 Степени прашува дали може да се случи шефот на државата да ја прескокне парламентарната комисија и да го потпише указот и без одржана седница.

Како што е познато, последното јавно објаснување на Фрчкоски зошто САД не го примија за амбасадор во Вашингтон е поврзано со некаква негова колумна, во која тој, како што објасни, своевремено напишал дека поранешниот амбасадор Филип Рикер бил во секојдневна комуникација со поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, па повеќе бил со него одошто со сопствената жена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин почна да дели пасоши во окупираните…

Во блиска иднина во Керсон треба да…

Е*ете се со вакви предлози: Украинците гневни…

Советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович користеше…

(Видео) Дали Преспанскиот договор ќе биде загрозен…

Дали Преспанскиот договор ќе биде загрозен доколку…

Шпанија и Португалија најголеми жаришта на мајмунски…

Португалските здравствени власти денеска потврдија 10 случаи…

СПЦ ја одобри и благослови, а Фанар…

Позитивни сигнали пристигнаа од Цариград и од…