Mолк од министерството за труд и социјала: За само 4 години 9 илјади домаќинства започнале да користат социјална помош

t

Право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува.
За материјално необезбедено се смета домаќинство чија вкупна просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на правото и во текот на користењето на правото е пониска од висината на утврдената гарантираната минимална помош, согласно со Законот за социјална заштита каде детално се уредени условите за добивање на ГМП.
Според податоците на Државниот Завод за статистика, бројот на смејства, односно домаќинства приматели на гарантирана минимална помош е зголемен од 26160 во 2017, на 35500 во 2021 година, што е зголемување за повеќе од 9000 домаќинства.
Побаравме одговори и мислења од Министерството за труд и социјална политика, Македонската платформа за борба против сиромаштија и универзитетскиот професор по трудово право, Проф. Д-р. Лазар Јовевски за состојбата на постојан пораст на бројот на приматели на ГМП, преземените мерки и мерки кои би требало да се спроведат за да се намали бројот на вакви домаќинства.
Од МТСП беа недостапни на телефонските линии кои се наведени како контакт на веб сајтот на Министерството, а исто така не добивме одговор ниту на прашањата испратени на електронската меил адреса на Министерството.
Од Македонската платформа против сиромаштија констатираат дека бројот на приматели на ГМП пораснал поради кризата која ја зафати државата во последните две години, но и поради како што велат тие, олеснување на дел од условите за добивање на помошта.
“Намалување на бројот на приматели на ГМП не треба да е приоритет на МТСП по секоја цена, туку МТСП треба да остане отворено и да дозволи да се користи ова право се додека има потреба од него, дури и по завршување на пандемијата, во период на закрепнување на економијата. Втората работа е да се овозможи висината на ГМП соодветно да расте за да дозволува достоинствено живеење, да не ги демотивира и самоисклучи примателите од другите општествени текови, вклучително и пазарот на труд. И конечно, МТСП во соработка со Центрите за социјална работа и АВРМ треба да отвори процес во кој ќе се овозможи активација на примателите, до нивно стабилно работно место кои ќе им носи достоинствен месечен приход, далеку повисок од тековната сума на ГМП” велат од МППС.

Универзитетскиот професор Лазар Јовевски смета дека:
Порастот на стапката на корисници на ГМП беше очекувана со оглед на тоа што во последните 4 години се води погрешна социјална политика, а пред се погрешна економска политика. Континуираното осиромашување на населението кое е резултат на падот на сите економски показатели го создава невидливиот круг на сиромаштијата во кој влегуваат се повеќе наши сограѓани и токму затоа бројот на корисници на ГМП континуирано расте. Од друга страна погрешните социјални политики не одат на линија на превенирање на случаите кои имаат потреба од ГМП и стратегија за што поскоро нивно одделување од овој вид на помош, каде ќе можат самостојно да остваруваат средства за достоинсвен живот, туку се креираат инстументи кои значат „конфор зона“ за корисниците на помошта и немаат волја да ја напуштат, односно да излезат од сиромаштијата, односно од групата на корисници на ГМП. Да не заборавиме дека овој вид на помош досега многу често се злоупотребуваше во рамките на преизборните кампањи, каде бројот на корисници таргетирано се зголемува, а со цел потикнување на овие наши економско маргинализирани сограѓани политички да бидат уценети.

Во оваа состојба МТСП пред се треба да развива социјални политики кои ќе значат стимулација сиромашните граѓани што поскоро да излезат од состојбата во која се нашле. Потребни се дополнителни контроли за спречување на злоупотребите, како и забрана на користење на одредени социјални услуги во системот на предизборен поткуп. Но, сето тоа нема да има поголем ефект, ако на ниво на Влада не се донесат прогресивни економски мерки кои ќе значат креирање на економска политика на развој и раст, со отварање на нови работни места и реален раст на платите. Видете, ние сме мала економија и за нас не е потребно голем финасиски пакет или големо финасиско напрегање за да можеме реално да почнеме еконосмки забрзано да се развиваме. Нашиот пазар на труд е мал, но нефлексибилен, и со добри економски мерки, директно ќе се влијае на вработувањето, а со тоа ќе расте негативна стапка на корисници на ГМП.”

Останува да видиме дали МТСП и идната Влада ќе ги применат советите од НВО и експертите со цел намалување и превенирање на бројот на социјални случаи во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…