MОН ги „уврдува причините за пропустите во учебникот по Историја и општество“

Министерството за образование и наука и Педагошката служба почнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, додаваат оттаму „не смееја да се дозволат“.
Преку Националната комисија за учебници како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, МОН веќе побара информации за работата на сите чинители во постапката за одобрување на конкретниот учебник и по добивањето на извештајот, министерот за образование и наука ќе даде конкретен предлог за понатамошно постапување, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.
Според ресорното министерство, во време кога во Македонија се случуваат најкрупните образовни реформи досега, со интензивни инвестиции во унапредување на инфраструктурните услови, подигнување на мотивацијата на наставниот и стручниот кадар во училиштата и се изработуваат нови наставни програми и учебници, недозволиво е да се случуваат вакви пропусти. Сепак, како што се наведува, учебниците се една од основите за квалитетен воспитно-образовен процес.
Потребен е максимален ангажман и одговорност од сите чинители кои учествуваат во процесот за градење на поквалитетен образовен систем во интерес на сегашните и идните генерации, а со тоа и во интерес на државата. Упатуваме апел до сите автори и рецензенти кои во иднина ќе учествуваат во постапки за изработка на учебници и наставни помагала, како и до Бирото за развој на образование и членовите на Националната комисија за учебници, да ја подигнат личната одговорност и посветеност, затоа што во овие прилично комплексни процеси, тоа од нив единствено и се очекува, стои во соопштението од МОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Планинарката Ивона која загина во пожарот е…
Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка…
Експлозија во Загреб, оштетен ресторан
Во раните утрински часови се случи експлозија…
Деканката на Филозофскиот факултет нападната со нож,…
Деканката на Филозофскиот факултет во Ниш Наталија…
Во Русија предлагаат да се слави денот…
Пратениците на Либерално-демократската партија на Русија ќе…
Трамп: Ќе го добиеме Гренланд сто проценти
Претседателот на САД, Доналд Трамп не се…