Mакедонски државјанин со коронарна срцева болест опериран со роботски систем во Германија
Македонски државјанин од Скопје, кој во моментот живее и работи во Германија, е опериран со хируршкиот роботски систем da Vinci на Клиниката за кардиохирургија при Центарот за срце во Дуисбург, Германија.
Операцијата ја извел тим предводен од доктор Едис Љајиќ, кардиохирург, специјализиран за минимално инвазивна кардиохирургија и раководител на секторот за роботска кардиохирургија, кој исто така е по потекло од Македонија.
– Јас и мојот тим од Дуисбург ја имавме честа нашиот сограѓанин да го оперираме со хируршкиот роботски систем da Vinci со кој ние рутински ги изведуваме овие интервенции, која е најсовремена, минимално инвазивна метода. Станува збор за 31-годишен пациент, маж, со дијагностицирана коронарна срцева болест, кој беше примен на нашата клиника. Операцијата траеше околу два и пол часа и помина одлично. Пациентот закрепнуваше бргу и без компликации и само пет дена по операцијата на отворено срце, ќе биде отпуштен на домашно лекување, во одлична општа состојба – вели доктор Љајиќ.
Љаиќ појаснува дека пациентот моментно престојува во Германија поради привремена, сезонска работа и е здравствено осигурен преку германскиот работодавач, а не преку македонскиот Фонд за здравствено осигурување.
– Тој е првиот македонски пациент што е опериран со оваа високомодерна роботска техника, и тоа од страна на друг македонски граѓанин – вели докторот.
Едис Љајиќ работи како кардиохирург на Клиниката за кардиохирургија при Центарот за срце во Дуисбург, Германија. Специјализиран е за минимално инвазивна кардиохирургија и го води секторот за роботска кардиохирургија во оваа здравствена установа.
Како што појаснува, овој тип на кардиохирургија претставува најсовремена техника што во Германија моментно се изведува само во два центра – во Дуисбург и во реномираната клиника „Шарите“ во Берлин. На ниво на цела Европа, додава тој, ваков тип на кардиохирургија се спроведува во не повеќе од 15 центри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mакедонски државјанин со коронарна срцева болест опериран…
Македонски државјанин од Скопје, кој во моментот…
(Видео) Трамп воведе повисоки царини кон Швајцарија…
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју со…
АХВ нема да постапува по анонимни пријави…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира…
25-годишник е тешко повреден, двете возила целосно…
МВР објави детали за тешка сообраќајна незгода…
Зајкова: Некој не сака легализација на канабисот…
„Јас искрено веќе немам доверба зашто не…