АХВ нема да постапува по анонимни пријави – иницијативите мора да бидат уредно поднесени
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од 1 јануари 2026 година нема да постапува по анонимни пријави за инспекциски надзор. Сите иницијативи мора да бидат уредно потпишани и да содржат точни податоци за подносителот и предметот на надзорот.
„Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата ПОДНЕСETE ПРЕТСТАВКА објавена на интернет страната на Агенцијата https://fva.gov.mk/mk/contact/podnesete_predstavka), електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена.
Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, велат од АХВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица бара оставка од директорот на АХВ…
После информации за квалитетот на млечните производи,…
Директорот на АХВ не сака да ги…
Првиот човек на АХВ, Оливер Миланов, одби…
Млекара Ѓоргиеви: Нашите производи се целосно усогласени…
Млекара Ѓоргиеви ДООЕЛ од Радовиш реагираат, како…
Неофицијално: На чии производи се нашле декларациите…
Голем дел од млечните производи кои се…
Маж и истурил хемиско средство на партнерката…
Од МВР информираат дека четири лица се…