Објавено на:

Mила им е Украина ама помил им е гасот: Десет европски компании отворија сметки во „Газпромбанк“, четири плаќаа за гас во рубли

t

Десет европски компании кои купуваат руски гас отвориле сметки во „Газпромбанк“, а четири веќе го платиле гасот во рубљи, објави американската агенција „Блумберг“, повикувајќи се на извори.

„Четири купувачи на руски гас од Европа веќе платиле за испораките во рубљи, како што бара Русија.“ Десет европски компании веќе отвориле сметки во „Газпромбанк“, наведува агенцијата.

Да потсетиме, рускиот концерн рано денеска ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија бидејќи тие не ги подмирувале обврските според новиот принцип – во рубљи.

Дополнително познатиот економски аналитичар Zero Hedge сподели информација дека одредени држави кои се спремни да плаќаат во рубли ќе купуваат повеќе за да компензираат за запирањето на доток на гас за Бугарија и Полска.

-ЕУ привремено ќе го зголеми набавувањето на гас од Руската Федерација преку земјите подготвени да плаќат во рубли како компензација за прекинувањето на дотокот за Полска и Бугарија – извор Тасс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу…

Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади…

(Видео) Детали за случајот – им се…

До редакцијата на Инфомакс пристигна ексклузивна снимка…

Вработените во култура денеска повторно бараат соочување…

Од Синдикатот на културата на Република Македонија…

Ја нападнал на работно место, а потоа…

Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на…

Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак…

Полскиот државјанин Павел К. е уапсен под…