MНР со реакција за изјавата на копретседателот на комисијата за историја: Не може да се замрзне работата на историската комисија, ова не е ставот на Владата

t

Да се ​​замрзне работата на заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Македонија, додека политичката атмосфера меѓу двете земји нормализира.

Ова го предложи копретседателот на комисијата од македонска страна, професор Драги Георгиев.

Георгиев во интервју за Телма појасни дека тоа е тоа опција доколку во овој момент комисијата создаде проблем во начинот на кој двете влади комуницираат.

„Доколку навистина постои желба да се постигне некаков напредок меѓу Македонија и Бугарија на сите нивоа, оваа одлука не би била толку страшна, бидејќи 70 години сме во замрзнат историски конфликт со Бугарија, .

Работата на оваа комисија 1-2 години нема да значи ништо и во исто време може да дозволи работите да се движат напред“, изјави проф.Драги Георгиев.

На ваквата изјава на Георгиев реагираше МНР на Бујар Османи.

-Работата на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, преставува важен елемент за исполнување на Договорот за пријателство од 2017 година.

По последните јавни настапи на претставниците на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, сакаме да потенцираме дека работата на Комисијата преставува нераздвоен дел од имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 година.

Соодветно на најновата иницијатива на двете држави, потврдена во рамките на заедничката седница на двете Влади, за проширување и продлабочување на меѓусебната соработка во сите области, ја поздравуваме одлуката на двата Копретседатели на Комисијата за интензивирање на динамиката на работата на Комисијата, со цел надминување на разликите за најчувствителните прашања.

Ја разбираме потребата на членовите на Комисијата, особено на нивните Копретседатели, јавно да ги изложуваат нивните погледи и ставови, но истите притоа не треба да се толкуваат како државни позиции, ниту, пак, како дел од политичките ставови на двете Влади.

Оттука двете Влади уште еднаш ги повикуваат сите фактори, вклучувајќи ги тука и членовите на Комисијата за историски прашања, за одржување на веќе договорената динамика на активности, која соодветствува со новиот интензитет на засилена комуникација меѓу двете држави, со цел да се искористи новиот моментум за соодветно надминување на разликите меѓу двете земји и откочување на процесот на европски интеграции на Македонија, стои во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блинкен: САД видоа докази за обиди на…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави…

Ужас: Девојче силувано во струмичко, монструмот е…

На 25.04.2024 во Полициската станица Струмица, во…

Итна евакуација на две болници во Киев…

Градската државна на Киев извести дека итно…

Исчезна малолетничка од Петровец, братот се сомнева…

Малолетничка се оддалечила од домот во Петровец,…

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…