Maкедонците ги тргнале бугарските ленти од гробот на Делчев: Османи се налути и испрати жестока реакција
Министерството за надворешни работи остро го осуди вандалскиот и немил инцидент, кој се случи на денот на обележувањето на 150 годишнината од раѓањето на нашиот најистакнат револуционер Гоце Делчев, кој беше извршен од членови на навивачки групи, кои, како што се наведува, на нецивилизиран начин ги отстрануваа лентите од венците кои беа положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето почит на гробот на Гоце Делчев.
-За овој настан, министерството за надворешни работи официјално ја извести Република Бугарија дека надлежните институции на Македонија веќе ги презедоа сите потребни чекори и постапки со цел откривање на сторителите на овој немил инцидент, преку кој се прави обид да се фрли сенка на обележувањето и чествувањето на смртта на Гоце Делчев, на неговиот гроб, но и на угледот на нашата држава и на делегациите од Бугарија кои учествуваа на овој свечен чин на чествување на оваа голема историска личност, значајна за сите нас, се вели во реакцијата на МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…