Објавено на:

Maјката на Ноле: Ова е политички прогон за да не стане најдобар на сите времиња

t

Мајката на Новак Ѓоковиќ, Дијана очекувано е вознемирана поради случувањата во Мелбурн. Најдобриот светски тенисер моментално се наоѓа во притвор во имиграционен хотел, откако не доби виза за влез во Австралија.

Дијана Ѓоковиќ смета дека ова е политички прогон за нејзиниот син да не стане најдобар на сите времиња.

„За мене како мајка ова е многу тешко, бидејќи не заслужи ваков третман. Сега ставот дека не смее да влезе во Австралија добива политичка димензија и не смее да игра. Го држат во валкан хотел и го држат со часови без контакт со нас. Ова е чисто политички атак за да не стане најдобар на сите времиња. Мислам дека многу брзо сите ќе разберат дека тој е револуционер, кој го менува овој свет. Се надевам дека психички ќе остане здрав и дека нема да му ги ‘скршат крилата’ како што се обидуваа“, вели мајката на најдобриот светски тенисер за српските медиуми.

Таа додаде дека условите во кои е сместен нејзниот син се ужасни.

„Зборував со него денеска, не сакаше да говори премногу. Се обидува да заспие, но не може. Како мајка се чувствувам згрозено, бидејќи го третираат како затвореник. Се надевам дека ќе остане силен и дека ќе победи. Смештајот е ужасен, мал мигрантски хотел, ако воопшто може да се нарече хотел“, додаде Дијана Ѓоковиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За последен пат ќе го гледаме Надал…

Шпанскиот тенисер се изјасни за својот утрешен…

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Ѓоковиќ: Ова е за мојот народ!

Рим го доживеа пишувањето на тениската историја,…

Ѓоковиќ лесно го ,,скокна” 1/8 финалето и…

Нема дилеми, Новак Ѓоковиќ е во одлична…

Ѓоковиќ: Не знам што ми е

Ѓоковиќ загуби во финалето на Србија Опен…