Maсовна тепачка кај средното медицинско училиште во Скопје!
Инфомакс ексклузивно дознава дека пред малку се случила масовна тепачка кај средното медицинско училиште „Панче Караѓозовски“.
Од информации од сведоци дознаваме дека напаѓачите дошле на лице место со мотор по што по кратка вербална расправија настанала општа тепачка, а едно лице се здобило со потешки телесни повреди.
Ова е уште еден настан кој говори за општата безбедносна состојба во државата имајќи во предвид дека тепачката се случува во строг центар.
Како што дознаваме кон локацијата во моментов се упатени поголем број на полициски екипи, но освен видливи траги од насилство, напаѓачите и останатите учесници во тепачката се оддалечиле од местото на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…