Maж сакал да изнуди 5.000 евра со закани за објава на снимка

t

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Г. (34) од гостиварското село Чегране, под сомнение дека уценувал лице од тетовско село и му барал 5.000 евра.

Како што информираат од полицијата, приведувањето се случило на 21 март 2026 година во 21:55 часот во Гостивар, по претходна пријава од оштетениот. Според пријавеното, осомничениот испраќал заканувачки пораки преку телефон и барал пари, тврдејќи дека лицето му должи сума од 5.000 евра.

Воедно, тој се заканувал дека ќе објави снимка од разговор меѓу нив доколку не му бидат исплатени парите.

Од СВР Тетово велат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maж сакал да изнуди 5.000 евра со…

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле…

Полицаец фатен со обележани пари при примопредавање,…

По претходна пријава од граѓанин за сторено…

Ѝ се заканувал на жена по нејзиниот…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Три лица изнудиле пари од скопјанец, му…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Уапсен штипјанец кој за девет месеци насилно…

Полицијата во Штип вчера го уапсила 28-годишниот…