Полицаец фатен со обележани пари при примопредавање, требало да изнуди 20 илјади евра

t

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази Баба. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.

Имено, граѓанинот пријави дека Х.З. заедно со други лица во повеќе наврати му барале 20.000 евра, пари кои наводно синот на пријавителот ги земал од него. После тоа, преземени се мерки и извршена е криминалистичко-техничка обработка на парични средства, а на 25.12.2025 на подрачјето на Центар, непосредно по примопредавањето, Х.З. е лишен од слобода и при извршен претрес кај него се пронајдени 20 апоени од по 50 евра.

Тој е задржан во полициска станица, а Единицата за насилен криминал, Одделението за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, против Х.З. поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола против Х.З. ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. Додека, судија на претходна постапка на пријавениот му определил мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

Наместо пари, тутунарите добија извинување: Исплатата на…

Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот…

Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…

На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…