Mирен протест во Богданци во чест на Билјана – „Стоп за фемицидот“

t

Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“ е најавен за денеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци.

Собирот се организира во чест на Билјана, со барања за одговорност, заштита на жените и итна акција од институциите.

„Нејзиниот глас е замолчен, но нашиот мора да биде погласен од кога било“, се наведува во повикот објавен на социјалните мрежи.

Иницијаторите порачуваат дека фемицидот мора да се спречи пред да се случи и дека институциите треба навреме да реагираат за да се заштитат животите на жените.

„Секој изгубен живот е системски неуспех, секоја премолчена жртва е заеднички пораз. Не смееме да дозволиме повеќе ниту една жена да живее во страв, ниту едно семејство да биде завиено во црно“, стои во повикот.

Се нагласува дека протестот нема партиски карактер и дека е отворен за сите граѓани кои сакаат да побараат правда и заштита од насилство.

„Излези и ти. За Билјана, за сите нас, за иднината на нашите деца“, повикуваат иницијаторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mирен протест во Богданци во чест на…

Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…

„Фемицидот мора да се спречи пред да…

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…

Осомничениот за убиството на 17-годишното девојче во…

17-годишното девојче во Богданци било убиено, а…

Ја убил 17 годишната девојка во Богданци,…

Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено…