Објавено на:

Oрбан: Санкциите кон Русија се еднакви на атомска бомба, нема да можеме да го нахраниме нашиот народ

t

Целиот свет го чека многу тешка зима, а луѓето овде тоа не го гледаат, бидејќи ништо не недостасува и кризата суштински не се чувствува, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем во Нови сад со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој исто се согласи со оценката за тешка зима, порачувајќи дека двете земји во претстојната криза можат да сметаат една на друга, јави дописиникот на МИА од Белград.

-Го прашав премиерот Орбан дали можеме да складираме дел од енергенсите во Унгарија, бидејќи немаме капацитет, а тој за една секунда ми рече дека нема никакви проблеми, рече Вучиќ.


Ако нешто не се промени во конфликтот во источна Европа, речиси четвртина од светот ќе има потреба за основни количини храна, што ќе создаде нови проблеми, предупреди Вучиќ.

-Секогаш кога требаше Орбан се бореше за нас, не се тргаше на страна, туку ја штитеше Србија. Пред неколку дена со Србија во Брисел беше министерот за надворешни работи на Унгарија, се разбира по налог на премиерот Орбан, тие никогаш не се тргаа на страна, туку и помогнаа на Србија, и тоа граѓаните на Србија не смеат да го заборават, рече Вучиќ.

Орбан изјави дека е задоволен што Унгарија и Србија можат да сметаат една на друга во ситуација на галопирачка инфлација во Европа, глад во светот, раст на цените и воениот конфликт во Украина.

-Добрата вест е што, врз основа на претходните разговори, Унгарија може да смета на Србија, а Србија на Унгарија, бидејќи и двете земји се силни во земјоделството и ќе бидат безбедни кога станува збор за гасот и прехранбените производи, рече Орбан.

Тој ги критикуваше санкциите што ги воведе ЕУ кон Русија.

-Унгарија не се согласува со економски неприфатливите мерки донесени во Брисел, кога станува збор за зголемување на цените, не се усвојуваат санкции кон Русија кои се еднакви на атомска бомба, бидејќи во тој случај нема да можеме да го нахраниме нашиот народ, туку ќе имаме маса на мигранти на границите, порача унгарскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

(Видео) Најмалку осум лица ранети истрелување во…

Најмалку осум лица се ранети во истрелување…

Захариева: Западот го дели светот на оние…

Западните земји се уште имаат колонијален однос…

(Во живо) Тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу…

Шокантно тврдење на Ненад Чанак: Русија планира…

Според политичарот од Војводина, Москва би го…