Oтворено како пупка, хaoc во штипска апелациja: Кланот си обезбедува нekaзнивост преку пpepaспределба на cyдии

t

Дали фамилијата Заеви преку својот пулен кој неодамна стана врховен судија Наќе Георгиев, си обезбедија отстапница во Апелациониот суд Штип од можни кривични постапки по загубата на локалната власт и повлекувањето од високата политика.

Во изминатите четири години судијата Наќе Георгиев имаше блескав напредок во кариерата кој се поклопува со периодот на владеење на Заеви.

Тој по итна постапка беше назначен за претседател на Апелациониот суд во Штип и експресно за потоа за помалку од две години да биде избран за судија во Врховниот суд.

Тој по унапредувњето своето влијание во Апелациониот Суд во Штип го задржа преку новоизбраниот и како што говорат нашите свиркачи уценет претседател на Апелациониот суд во Штип, Корнелија Давчева.

Свиркачите то редакцијата на Инфомакс испратија информации дека сопругот на Давчева има низа на граѓански предмети против него кои се однесуваат на должничко доверителски односи.

Она што е интересно е што Давчева иако на заминување во пензија го исчисти Кривичниот оддел во Апелациониот суд Штип од судии кои не би можеле да ги контролираат и би можеле да судат во процеси против функционери на СДСМ за сторениот криминал.

Со намерно планирани и исценирани постапки насочени конграѓанските судии во Апелациониот суд во Штип и преку судскиот Совет кој работи само со амин на судијата координатор Наќе Георгиев како директен извршител на екс- премеирот, разрешија двајца судии во граѓански оддел во Апелациониот суд Штип.

Нивните решенија за разрешување во постапката по жалба пред жалбен совет пред Врховен суд на Република Македонија беа укинати, поради очиглено нестручната и тенденциозно спроведена постапка.

Но во тој временски меѓупростор на недостаток на граѓански судии во Апелациониот суд Штип, преку лобирање на Врховниот судијата Наќе Георгиев и неговата соработничка претседателката на штипска апелација Корнелија Давчева, успеаа и без позитивно мислење од Врховниот суд на Република Македонија за судиите да донеате решенија за прераспределба.

Судиите Данка Ристова и Славчо Тасев од кривичниот оддел на Апелациониот суд во Штип со 25 и 35 години стаж како кривични судии сега се префрлени во граѓанскиот оддел.

На овој начин се исчисти теренот во Апелациониот суд Штип каде би завршиле кривични постапки против фамилијата и неговите пулени, од неподобни судии.

Повеќе од очигледно е причината за разместување на судијата Данка Ристова од кривичен во граѓански оддел. Факт е дека нејзиниот сопруг Ацо Ристов е избран за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Радовиш, а судијата Славчо Тасев како судија со интегритет и на само неколку години пред пензија е судија кај кој не може да се изврши влијание.

Во моментов е исчистен теренот за кланот, а со овој состав на судии речиси е сигурно неказнивоста.

Моментално решенијата за распоредување во граѓанскиот оддел за наведените судии е во Судскиот Совет на Република Македонија каде треба да одлучува по поднесените приговори.

Целата оваа ситуација добро му е позната на Судскиот совет, но како и зошто ќе одлучат на еден начин или друг многу зависи од актуелниот состав кој е избран на предлог на централната власт. Речиси и сигурно е дека ќе одработат за својот работодавец.

Во Судскиот совет на Република Македонија последна е избрана Тања Чачарова од Радовиш блиска соработничка на Драги Рашковски и советник во кабинетот и тоа само ден по оставката на Зоран Заев од премиерската позиција.

Кире Здравев Кире пак од Штип е во блиски релации со претседателка Корнелија Давчева која му го прими внукот на работа непочитувајќи ја постапката за вработување.

Сопругот на Лорета Георгиева од Струмица е близок другар и пријател и во повеќе наврати шеф на изборен штаб на Зоран Заев, а тука се и претставниците на коалиционите партнери од бадентеровото мнозинство.

Дали е неизвесно каква одлука ќе донесе Судскиот Совет на Република Македонија?

Не, мора да се одработи агендата за да нема неизвесности од можни кривични постапки по повлекувањето од политиката

На фамилијата и лично на аболицираниот Зоран Заев многу добро му е познато колку се важни судските лавиринти, преку кои однесе во затвор голем број членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ..

Преголем е влогот и долгот за да се остави судтството независно да функционира…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација го пушти Незири на слобода

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста,…

Избрани нови судии во скопска Апелација

Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и…

Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите

Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…

Гордана Јанкуловска излегува на слобода

Апелациониот суд Скопје ѝ ја уважи жалбата…

Не е само нашето судство: Свирепо ја…

Апелациониот суд во Белград му го укина…