Oфанзивата зема замав: Зголемен интензитетот на руските напади во Харков во Донбас
Интензитетот на руските напади во Харков во Донбас и во регионот Дњепропетровск е зголемен.
Во неговото ноќно видео обраќање до неговата земја, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ако Украина имаше пристап до подобро оружје споредено со она што го користи Русија, тие веќе ќе ја завршеле војната.
Тој понатаму додаде дека ако неговата земја го добие оружјето што и е ветено во наредните недели, тоа ќе ги спаси животите на илјадници луѓе.
Претседателот на Украина информираше и дека интензитетот на руските напади во Харков во Донбас и во регионот Дњепропетровск е зголемен, дури и насочени кон цивилни структури.
-Не е позната судбината на десетици илјади жители на Мариупол кои беа преместени на територии под контрола на Русија, рече Зеленски.
Ова доаѓа откако руското министерство за одбрана постави нов ултиматум до украинските војници кои се држат во опколениот град Мариупол да го положат оружјето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…