Oдлични вести: ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ УСПЕШНО САНИРАНА ПОВРЕДАТА НА КОЛЕНОТО НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ВЕЛКОВСКИ – РАКОМЕТАРОТ СЕ ВРАЌА НА ТЕРЕНОТ ЗА БРЗО

t

Сериозна повреда на коленото го спречи познатиот ракометен репрезентативец Мартин Велковски да ја заврши оваа сезона, но успешната интервенција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ веќе му овозможила гаранција дека следната сезона не е изгубена. Баш напротив. До тогаш Велковски ќе биде комплетно подготвен да тренира и да настапува – и за својот клуб Пелистер Еурофарм, ама и за репрезентацијата. Тој пред извесно време се повредил на коленото односно имал луксација на чашката. Повредата успешно ја санирал д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија.

Велковски објаснува дека се повредил додека тренирал. Кога дошол на преглед, а по направеното магнетно снимање било утврдено дека е потребна хируршка интервенција.

„По препорака од други колеги ракометари се одлучив оваа интервенција да ја направи д-р Михајло Ивановски. Целосно му верував и бев убеден дека тој може најдобро, затоа што и претходно знаев дека тој е еден од најдобрите трауматолози. Целата постапка одеше во најдобар ред. Со докторот одлучивме каква интервенција треба да се прави и се помина како што треба“ – вели Велковски.

Според планот, по рехабилитацијата која започнува сега, Велковски треба да се врати на теренот за многу брзо. Доктор Ивановски е задоволен од интервенцијата.

„Ракометарот имаше повреда на коленото, луксација на чашката – повреда која успешно се санираше. Направивме транспозиција на (tuberositas tibiae) и фиксација на медијалниот пателофеморален лигамент, а Велковски на почетокот на наредната сезона ќе се врати на терен“ – вели д-р Ивановски, специјалист по трауматологија.

Интервенцијата на ракометарот Велковски беше изведена во соработка со д-р Иван Василев од Бугарија кој долги години соработува со Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето…

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро…

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Ако се штеди, во што повеќе –…

Парите кои македонските граѓани ги чуваат во…

ОИК Куманово: Во Куманово на три избирачки…

На две избирачки места во Куманово поради…

Ужас: Силувана малолетничка во Скопје

На 23.04.2024 во 09:30 часот во СВР…