Објавено на:

Oдлични вести: Решени 1. 638 барања од граѓани преку адресата [email protected]

t

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.893 барања, од кои решени се дури 1.638. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на сообраќајот, прашања поврзани со даноците на имот, како и барања поврзани со комуналниот сектор и кастрење суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување на јавни зелени површини. Дел од прашањата на граѓаните се однесуваат и за доделувањето на субвенции за инвертери, велосипеди и за електрични тротинети.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…