Oдлични вести: Решени 1. 638 барања од граѓани преку адресата [email protected]
На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.893 барања, од кои решени се дури 1.638. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на сообраќајот, прашања поврзани со даноците на имот, како и барања поврзани со комуналниот сектор и кастрење суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување на јавни зелени површини. Дел од прашањата на граѓаните се однесуваат и за доделувањето на субвенции за инвертери, велосипеди и за електрични тротинети.
На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.
Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Граѓани влегоа во ТВ „Информер“, Вучиќевиќ…
раѓани влегоа во ТВ „Информер“, Вучиќевиќ тврди…
Кузмановиќ од Студентската листа за РТ: Ќе…
Претставникот на Студентската листа, професорот Владан Кузмановиќ,…
(Видео) Трамп пред симпатизерите: „Ники Минаж има…
За време на собир во Миџиген ,…
Силен ветер ќе ја зафати Македонија –…
Силен ветер од северозападен правец се очекува…
ЧОВЕКОТ КОЈ МУ ГО ДАДЕ ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ…
По изборниот пораз на Српската напредна странка…