Oрбан има предлог решение, но никој не знае што е: „Унгарија е подготвена да посредува за да се реши спорот со Бугарија“

t

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија од Охрид кажа дека до крајот на годинава очекува Македонија да почне преговори со ЕУ.

„Имам јас предлог, и тој предлог му го пренесов. Затоа сме подготвени да посредуваме во тоа прашање. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник е нивна работа, но ние сакаме да се најде решение какво им одговара и на Бугарија и на Македонија. Но, тоа е работа на страните кои се во конфликт, ние сме тука да им понудиме помош. Сега следното е одвојување од Албанија. Тешко е тоа да се разбере. Една нација да се залажува постојано со почеток на преговорите, а другите земји да се примаат како членки. ЕУ мора да го има во предвид и националната гордост, а се повредува националната гордост на граѓаните на Северна Македонија. Ако гледаме чесно, вие одамна треба да сте дел од ЕУ, а ваквите постапки на ЕУ отвораат рани“, изјави Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oрбан има предлог решение, но никој не…

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија од Охрид…

Орбан: Македонија го смени името во РСМ…

Морам многу да внимавам да изговарам C.…

Орбан: Националната гордост е најважното нешто за…

Најважно за една нација е националната гордост,…

Арагчи: Иран нема да остане рамнодушен во…

Арагчи изјавата ја даде за време на…

Град Скопје: Скопјани и приватните превозници се…

Градот Скопје обвини дека граѓаните на градот…