Орбан: Националната гордост е најважното нешто за секоја нација
Најважно за една нација е националната гордост, а таа во случајот со Северна Македонија е повредена, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на заедничката прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски. Како што додаде Орбан, ако се гледало чесно, земјава веќе одамна требало да биде членка на ЕУ.
„Сакам да нагласам дека националната гордост е најважното за една нација и ЕУ мора да ја има предвид националната гордост на сите држави. Ова што се случува со Македонија, тоа е повредување на националната гордост на граѓаните на Северна Македонија и тоа постојано се случува во изминатите 10 години. Ако гледаме чесно, вие одамна требаше да сте членка на ЕУ“, рече Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…