Објавено на:

Oчајна слика во Рафа: Палестинците во обид да се спасат, Израел не запира

t

Семејството Ансеир ги натовари своите скудни работи во стар автомобил, надевајќи се дека ќе избега пред израелската копнена офанзива во Рафах – каде што повеќе од милион жители на Газа кои мислеа дека ќе бидат безбедни сега се борат да најдат начин за повторно бегство.

Маи Ансеир и нејзиното пошироко семејство кои веќе мораа да се преселат три пати соочени со израелското бомбардирање – велат дека немаат можности додека израелските трупи се приближуваат до последното светилиште на јужниот раб на Појасот Газа, пренесува „Ројтерс“. 

„Тука сме, не знаеме како да заминеме. Нашите финансиски можности не ни дозволуваат да добиеме превоз за да можеме да заминеме“, рече мајката на пет деца во напуштеното училиште на ОН, каде што семејството се засолни.

Велат дека не можат веќе да останат на тоа место бидејќи било мизерно, без вода и струја, нема никакви услови за живот.

Израел минатата недела им нареди на жителите да излезат од источниот дел на Рафах и ја прошири таа наредба во централните области на градот во последните денови, испраќајќи стотици илјади луѓе, повеќето веќе раселени, да избегаат за нови засолништа. Израелските тенкови сега го отсекоа главниот пат Салахудин што ги дели источните и централните области на Рафах.

Со наредбата за евакуација и нападот, болниците брзо се затворија, а скудните резерви на помош исчезнаа. Жителите велат дека немаат поим каде ќе одат сега.

Ансеир рече дека и се потребни лекови за дете со срцева болест но нема како да ги најде.

„Животот и смртта сега се исти. Се надеваме на Бога дека наскоро ќе има олеснување, бидејќи олеснувањето е само во Божјите раце. Тоа нема да дојде од никого. Апелираме само до оние со сочувствителни срца; хуманитарните организации“, рече таа.

Нејзината снаа Абер, која има осум деца, рече дека хуманитарната храна што ја добивало семејството сега ја нема.

„Целата област, за која велат дека е безбедна, веќе не е безбедна. Видовме смрт, видовме луѓе без глави. Овде едвај бевме два месеци, а потоа рекоа да си одиме. Како што можете да видите, не знаеме каде да одиме. Тоа е како да бегаме од смрт до смрт“, раскажа Абер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…

Израел ќе одговори со сила на секој…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Трамп: Да бев претседател, немаше да има…

Она на што сме сведоци во Израел…