Oдземено возило: Возел со брзина од 178 км на час надвор од населено место
Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Возилото е одземено а возачот К.И.(44) од Гостивар ќе се соочи со законски предвидената санкција, согласно одредбите од член 297-а и 300-б од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.
Управувањето на возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, потенцираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Oдземено возило: Возел со брзина од 178…
Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот…
Филипче за роденденот на СДСМ: Нова борба…
Во обраќањето на свечената седница на Централниот…
Мерц и Лула против американска интервенција на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека САД…
Мишел ја обвини Фон дер Лајен за…
Поранешниот претседател на Европски совет, Шарл Мишел…
Реформската агенда повеќе не е само план…
Реформската агенда повеќе не е само план…