Мерц и Лула против американска интервенција на Куба, Лула: Војната со Иран е лудило
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека САД немаат основа за евентуална интервенција на Куба, оценувајќи дека, и покрај внатрешните проблеми на островот, Куба не претставува закана за други држави. Пораката ја испрати по германско-бразилските владини консултации во Хановер, каде заедно со бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва повика на дипломатско, а не воено решавање на кризите.
Мерц нагласи дека секоја држава има право на одбрана, но тоа не значи и право на воена интервенција во друга земја само затоа што нејзиниот политички систем не одговара на нечии претстави. Според него, отворањето нов конфликт околу Куба не би било оправдано и треба да се избегне.
Сличен став искажа и Лула, кој рече дека е против нарушување на територијалниот интегритет на државите и против мешање во внатрешното уредување на други земји. Бразилскиот претседател ја отвори и темата за почитувањето на Повелбата на Обединетите нации, како и правото на народите на самоопределување.
Пред средбата со Мерц, Лула на отворањето на саемот во Хановер жестоко ја критикуваше и војната против Иран, нарекувајќи ја „лудило“. Тој оцени дека е неприфатливо во 21 век милијарди долари да се трошат на војни, додека гладот, неписменоста и недостигот од електрична енергија и натаму остануваат нерешени проблеми за милијарди луѓе.
Изјавите на двајцата лидери доаѓаат во чувствителен момент на засилени тензии околу Куба и Иран. Ројтерс претходно објави дека Куба веќе со месеци е под силен притисок поради американската блокада на нафтата, а властите во Хавана предупредија дека островот се соочува со длабока енергетска криза и чести прекини на струја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет години од трагедијата во Тетово: 14…
Поминаа пет години од една од најголемите…
Се празни Ормутскиот Теснец: Бродовите се повлекуваат,…
Reuters денес објавува дека сообраќајот низ Ормутскиот…
Уште 23 македонски книги станаа дел од…
Македонската литература и издаваштво добиваат дополнително место…
Денес е Меѓународен ден на писменост, 739…
Денес е Меѓународен ден на писменост низ…
Црвени светла на светските пазари: Нафтата се…
Светските финансиски пазари влегуваат во нов период…