Tешka сообраќајна нecpеќа во Велес: Мотоциклист тешko повpeден пренесен на Скопските kлиниkи, ова се деталите

t

На крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Андон Шурков“ во Велес, кај бензинската станица „Црна река“, вчера во 11:30 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачиа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 65 годишниот Л.Д. од Велес, и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 45 годишниот Љ.С. од Велес.

Како што информира за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, во несреќата Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Општа болница Велес по што бил пренесен на Скопските клиники.

Втората сообраќајна несреќа се случи синоќа околу полноќ во центарот на Велес, кај кружниот тек, на Коњаникот. Доаѓајќи од правец на мостот „Гемиџии“ кон центар, автомобил со странски регистарски таблички, прво удрил во ротондата на кружниот тек, а потоа излетал од патот, удрил во канделабра и се превртел веднаш до споменикот на Кочо Рацин.

Во возилото кое било целосно уништено повредени се тројца, од кои двајца со итна медицинска помош биле пренесени во велешката Општа болница.

Од велешката болница за МИА информираат дека двајцата повредени кои биле со полесни телесни повреди по укажаната лекарска помош биле пратени на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛО ЕВН, НОРМАЛНИ ЛИ СТЕ? При најмал…

При најмал дожд има спој од фаза…

Ученик од Велес со лисици врзал соучесник…

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште…

Малолетник каснат од куче скитник во училишен…

На 10.02.2025 во 10:20 во Полициската станица…

Падна потпорен ѕид во Велес – општината…

Поради паднат потпорен ѕид Општина Велес апелира…

Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…

Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…