Tрагедија на Халкидики: Младо момче од Македонија се удавило во Ханиоти
Деветнаесетгодишно момче од Македонија трагично го загуби животот попладнето во вторник на централната плажа во Ханиоти, на грчкиот полуостров Халкидики. Како што објави локалниот медиум Halkidikinews, младиот турист доживеал срцев удар по инцидент со давење, при засега неутврдени околности.
Инцидентот се случил пред очите на други капачи. Волонтерот на Црвениот крст на Грција, Јоанис Т. Колокитас, сведочел дека веднаш интервенирал спасувачот, кој со помош на пливачи го извлекол момчето од водата и започнал со реанимација, користејќи автоматски надворешен дефибрилатор.
И покрај брзата реакција на спасувачките служби и медицинската екипа која пристигнала веднаш по пријавата, животот на младиот човек не можел да биде спасен.
Грчките власти спроведуваат истрага за причините и околностите под кои дошло до трагичниот настан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Иран повтори дека планира да наплаќа за…
Иран има намера да им наплаќа такси…
Доктор Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор…
Ако надвор е 39 степени, клима уредите…
Министерството за здравство: Обидите на СДСМ случајот…
Министерството за здравство соопшти дека почитува законската…
Првични информации после силниот земјотрес што ја…
Најмалку 20 луѓе загинаа во силниот земјотрес…