Tоварно возило прегази велешанка

t

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне во Велес, при која 65-годишна велешанка била повредена откако во неа удрило товарно возило.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 10:45 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата на улиците „Киро Ќучук“, „Белградска“ и „Васил Главинов“ се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата учествувало товарно возило „Форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот П.С. од Велес. Возилото удрило во 65-годишната С.Н., исто така од Велес.

Од здобиените повреди, жената била пренесена во Општата болница во Велес, каде што биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на сообраќајната незгода извршила увидна екипа од СВР Велес, а надлежните продолжуваат со утврдување на околностите под кои се случила несреќата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tоварно возило прегази велешанка

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…

Утре без вода делови од Маџари и…

Поради изведување приклучок на водоводна мрежа со…

Уапсен е 17 годишник – силувал 15…

МВР информира дека вчера попладне во 16:00…

Двајца полицајци нападнати во Липково

Двајца полицајци вчера биле нападнати во Липково.…