Објавено на:

Tрамп го продолжи примирјето со Иран

t

Доналд Трамп објави дека на барање на Пакистан ќе го продолжи примирјето со Иран, но и нема да ја укине блокадата на иранските пристаништа. Ова следува неколку часа пред истекот на првичното двонеделно примирје, што Трамп вчера кажа дека нема да го продолжи.

„Врз основа на фактот дека владата на Иран е сериозно поделена, фелдмаршалот Асим Мунир и премиерот Шехбаз Шариф од Пакистан побараа од нас да го одложиме нашиот напад врз Иран сè додека нивните лидери и претставници не излезат со унифициран предлог. Затоа ѝ наложив на нашата војска да ја продолжи блокадата и во сите други аспекти да остане подготвена. Ќе го продолжиме прекинот на огнот сè додека не биде поднесен нивниот предлог и не се завршат дискусиите, на еден или друг начин“, објави Трамп.

Пакистан најавуваше дека утре ќе се одржи втората рунда разговори помеѓу САД и Иран, но Техеран не потврди дека ќе испрати претставници, па и американската делегација остана во Вашингтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tрамп го продолжи примирјето со Иран

Доналд Трамп објави дека на барање на…

Мелони: Швајцарските сметки за лекување на жртвите…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изрази шок…

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува…

Договорот за прекин на огнот помеѓу САД…

Мицкоски од Виена: Убеден сум дека само…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена остварил…

Средба во ЦУК со претставници од САД

Во духот на зајакнување на меѓународната соработка…