Tрамп го продолжи примирјето со Иран
Доналд Трамп објави дека на барање на Пакистан ќе го продолжи примирјето со Иран, но и нема да ја укине блокадата на иранските пристаништа. Ова следува неколку часа пред истекот на првичното двонеделно примирје, што Трамп вчера кажа дека нема да го продолжи.
„Врз основа на фактот дека владата на Иран е сериозно поделена, фелдмаршалот Асим Мунир и премиерот Шехбаз Шариф од Пакистан побараа од нас да го одложиме нашиот напад врз Иран сè додека нивните лидери и претставници не излезат со унифициран предлог. Затоа ѝ наложив на нашата војска да ја продолжи блокадата и во сите други аспекти да остане подготвена. Ќе го продолжиме прекинот на огнот сè додека не биде поднесен нивниот предлог и не се завршат дискусиите, на еден или друг начин“, објави Трамп.
Пакистан најавуваше дека утре ќе се одржи втората рунда разговори помеѓу САД и Иран, но Техеран не потврди дека ќе испрати претставници, па и американската делегација остана во Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…