WhatsApp конечно доби функција што многумина се прашуваа зошто ја немаше досега

WhatsApp, една од најпопуларните платформи за пораки, конечно воведе нова функционалност која долго време ја очекуваа корисниците.
Станува збор за функцијата „Нацрти“ која овозможува зачувување на недовршени пораки.
Ажурирањето кое ја воведува оваа функција е во процес на ширење, па ако сè уште не сте го добиле, ќе биде достапно во наредните денови или недели на глобално ниво.
Што носи новата функција?
Функцијата „Нацрти“ овозможува корисниците полесно да ги пронајдат и продолжат пишувањето на пораки кои останале недовршени. Според официјалната изјава на WhatsApp, „доволно е да го побарате индикаторот ‘нацрт’ на почетокот на пораката. Недовршените пораки ќе се појавуваат најгоре во разговорите за да можете лесно да ги продолжите“.
Оваа едноставна, но многу корисна функција, ќе ви овозможи брзо да се вратите на пораки што претходно сте ги започнале, но не сте ги испратиле. Досега, недостигот на ваква опција знаеше да биде прилично фрустрирачки за многу корисници.
Ажурирањето се воведува постепено, па ако сè уште не ви е достапно, само имајте трпение — наскоро ќе биде достапно за сите корисници ширум светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Планинарката Ивона која загина во пожарот е…
Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка…
Експлозија во Загреб, оштетен ресторан
Во раните утрински часови се случи експлозија…
Деканката на Филозофскиот факултет нападната со нож,…
Деканката на Филозофскиот факултет во Ниш Наталија…
Во Русија предлагаат да се слави денот…
Пратениците на Либерално-демократската партија на Русија ќе…
Трамп: Ќе го добиеме Гренланд сто проценти
Претседателот на САД, Доналд Трамп не се…